Австралија побара Кина да се откаже од милитаризација на Јужното Кинеско Море

Австралискиот прајминистер Малком Турнбул изјави дека и неговата држава ја загрижува изградбата на вештачки острови во Јужното Кинеско Море, на кое Кина изгради цивилни и воени објекти.

Турнбул со ова ја поддржа изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери, според кого изградбата на воени објекти и допремување на балистички ракети земја – воздух во водите на морето претставува доказа за зголемена милитаризација, која ја зголемува опасноста за стабилност и мир во регионот. Кина изгради вештачки острови во коралните спрудови Спратлеј, на чија површина сувереност освен Кина полагаат и Филипините, Тајван, Брунеј, Малезија и Виетнам.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг, потврдувајќи ја новата состојба на територијата на Јужното Кинеско Море деновиве изјави дека ситуацијата во тоа подрачје е навистина напната. Тој побарал споровите да се решат со билатерални преговори и да се избегне мешањето на другите големи сили, со цел да нема пораст на тензиите кои можат да предизвикаат несакани последици.
Јужното Кинеско Море е најзначајниот и најголем простор во кој се одвива транспортот во меѓународната трговија, а има големи резерви нафта, гас и минерали. Морето е едно од набогаите според рибниот фонд.

Останати вести