Милошоски повикува на пречкртување на „Северна“ од Македонија!

Заев му порача дека тоа е кривично дело
Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, го “корегирал” новото име на државата, односно ја пречкртал придавката “Северна” на својата легитимација за време на учеството на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

За тоа се пофали на социјалната мрежа Фејсбук, каде напиша: “Македонија е името на народната волја во согласност со референдумите од 1991 и 2018 година”.
„Искористи ги за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!” – повика понатаму во постот Милошоски.
Премиерот Зоран Заев ваквиот потег на пратеникот Милошоски го оцени како казниво дело и непочитување на Уставот. Заев посочи дека Милошоски со ова испраќа лоша порака.
„Непочитувањето на Уставот на државата на ваков начин прво е казниво дело, второ е испраќање на лоша порака до сите да не го почитуваат Уставот и тоа е лошо за општеството. Законот мора да важи еднакво за сите” – велат од Владата.
Милошоски уште еднаш повтори дека неговот потег е во согласност со волјата на народот искажана на рефендумот и дека со нетрпение ја очекува казната што ќе ја изрече премиерот Заев.
„Мојот потег е во согласност со народната волја изразена на референдумот 2018 година и индивидуалната слобода на изразување како човеково право. Со нетрпение ја очекувам казната што ќе ја изрече премиерот Заев” – вели Антонијо Милошоки.
На потегот на Милошоски реагираа и од СДСМ. Од оваа партија потсетуваат дека токму тој преку телефон заговарал како за него е прифатливо некое сложено име, на пример Горна, Долна Македонија, во заграда или без заграда Вардар, пред или по Република.

Останати вести