Дали сте константно изморени? Дали имате проблеми со спиењето? Или се борите да пронајдете енергија за вежбање? Ако заморот е секојдневие во вашиот живот и ако вообичаениот тренинг ви станува сериозно тешка работа, тогаш ви фали овој клучен минерал.
Еден од најважните минерали е железото и тоа е од суштинска важност за енергијата, бидејќи е камен темелник за црвените крвни зрнца кои го транспортираат кислородот низ телото – што објаснува зошто чувствувате константен замор.
Ако сте бледи, тоа е уште еден знак дека имате недостаток на железо, потоа чувствувате дека губите здив, поточно дека ви е краток и дека срцето ви „лупа”.
Но, постојат уште многу начини кои покажуваат дека вашето тело ве предупредува на недостатокот од железо.
Останатите симптоми се главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, губиток на косата, студени раце и нозе, се мачите при голтањето, чувствувате чешање, имате нарушен сон, недостаток на апетит, болка во стомакот, рана на јазикот или невообичаено мазен јазик…
Истражувањата покажале дека во ризичната група се залудените по теретана и вежбање. Зана Ван Дијк, која е личен тренер и фитнес гуру, рекла дека е важно кога се вежба телото добро да се храни.
– Телотот мора добро да се храни кога се вежба, бидејќи единствено така ќе можете безбедно да ги извршувате сите активности. Многумина ме прашуваат што треба да се јаде кога се тренира и на сите им велам дека најбитно е во исхраната да се додадат месни производи, коишто во себе имаат железо коешто е потребно за енергија – додала Зана.
Студијата открива дека една од три испитани жени, кои се спортистки, имаат намалено ниво на железо, па најчеста болест кај нив е клиничката анемија.
– Оваа студија е фокусирана на врвните спортисти, а со истражувањето дојдовме до заклучок дека врз хроничниот недостаток на железо влијае преголемата желба за вежбање – изјавила за „Дејли мејл” нутриционистката Кери Руктон и додала дека недостатокот на железо го ограничува транспортот на кислород во телото и може да влијае врз менталната и физичката состојба.
Црвеното месо е еден од најбогатите и најкорисни извори на железо, па тоа ќе ви обезбеди три пати повеќе железо отколку пилешко или 250 отсто повеќе од брокулата.
– Железото е од суштинска важност за енергијата. Еден од најлесните начини да се зголеми издржливоста е да се зголеми внесувањето на црвено месо и тоа 70 грама дневно.ените во просек јадат само 56 грама месо дневно – вели доктор Руктон.