Прајминистерот Трнбул го назначи првиот федерален министер Абориџин

Прајминистерот на Австралија Малком Трнбул го објави делумното реструктуирање на неговиот кабинет, при што првпат Абориџин е назначен за федерален министер.
Кен Вајат е назначен за министер за грижа за возрасни луѓе и за здравје на домородното население.

Министерот за индустрија, иновации и наука Грег Хант ја презема раководната позиција во Министерството за здравство и спорт, а неговите досегашни задолженија ги презема владиниот секретар Артур Синодинос.
Промените во Владата се предизвикани од неодамнешниот скандал со веќе поранешниот министер за здравство и спорт, Сузан Леј.
На почетокот на јануари таа беше обвинета за злоупотреба на службената должност. Утврдено беше дека во периодот 2015-2016 година таа патувала на државен трошок за лични потреби, во потрага по недвижен имот со цел да инвестира.
По откривањето на скандалот Леј поднесе оставка.

Останати вести