Министер поднесе оставка поради прекршување на стандардите на однесување

Министерот за јавни служби на Австралија Стјуарт Роберт поднесе оставка поради прекршување на стандардите на министерско однесување.

Според зборовите на австралискиот прајминистер Малком Турнбул, истрагата во однос на Стјуарт Роберт утврдила дека тој го прекршил Кодексот на однесување на министрите, при посетувањето Пекинг во 2014 година, заедно со својот пријател и спонзор на владејачката Либерална партија Пол Маркс.
Маркс патувал до Кина, за да потпише договор во областа на рударството меѓу неговата компанија „Нимрод рисорсис” и кинеската државна компанија „Минметалс”. На сајтот на кинеската компанија се истакнува дека Роберт, во тоа време зазема должноста на заменик-министер за одбрана, и зборувал во име на австралиското Министерство за одбрана, конфликтот е дека во исто време тој бил и акционер на компанијата “Нимрод рисорсис”.

Останати вести