Министрите во одбрана на буџетот

РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА НА ЈАВНО МНЕНИЕ
На владата на Турн­бул и е драго што гласачите даваат поддршка на нејзината одлука за зголемување на придонесите за здравствено осигурување, со што би се финансирала националната програма за осигурување на лица со инвалидитет.

Резултатите од двете анкети, спроведени минатата недела, покажуваат дека гласачите го поддржуваат предлогот за зголемување на доприносите за здравствено осигурување за 2,5 одсто од 2019 година, како и новиот данок за петте големи банки. Сепак, Коалицијата и понатаму заостанува зад лабуристите во двете анкети – онаа која ја спроведе Newspoll, како и онаа која ја направи Fairfax- Ipsos и тоа со 47-53 одсто. Резултатите од анкетата на Ipsos покажуваат подобрување за Коалицијата, но разликата во анкетата на Newspoll се зголемува. Вкупно, според резултатите објавени во „Аустралиан”, 45 одсто од испитаниците на анкетата на Newspoll сметаат дека последица од новиот буџет ќе биде полош животен стандард. Министерот за здравство, Грег Хант го спомена овој мешан резултат, но нагласи дека бирачите дале поддршка на клучната мерка.
„Најзначајно е тоа што постои силна поддршка за зголемување на надокнадата за здравствено осигурување, поради финансирање на програмата на здравственото осигурвање на лица со инвалидитет” – рече тој. Изјави и дека осигурувањето е мерка која се однесува на сите Австралијци кои би можеле да се најдат во ситуација да станат лица со инвалидитет.
Клучниот независен сенатор, Џеки Ламби верува дека положбата на прајминистерот Мал­ком Турнбул е сигурна, според објавените резултати. Тој ја зголеми својата предност пред лидерот на опозицијата Бил Шортен, како префериран прајминистер со 44-31 одсто, говорат резултатите на анкетата на Newspoll. Сенаторот Дерин Хинч ја поздрави оваа поддршка за зголемување на доприносот за здравственото осигурување. „Не изненадува што околу 70 одсто од лицата сметаат дека наплатата на банките од $6 милијарди, не е лоша работа” – рече тој. Двете анкети покажуваат дека поддршката на оваа мерка е некаде околку 68 одсто.

Останати вести