Миранда Кер си најде нов маж

Медиумите веќе извесно време пишуваат за наводната романса на австралиската манекенка Миранда Кер и фотографот Крис Колс.
На профилот на Инстаграм на Колс сите се распишале бидејќи голата манекенка е последна во низата на неговите уметнички фотографии, а тоа е објавено две недели по соопштението дека се разведува од згодниот глумец Орландо Блум, кој наводно пред една недела си нашол нова девојка.

Додека сите пишуваат за неговата романса, фотографот тврди дека е само пријател со Миранда и дека се спријателиле на снимањето на фотографиите за нејзината книга „Treasure Yourself”.

Останати вести