Миранда Кер со невидено деколте досега!

Миранда Кер, бившиот ангел на „Викторија Сикрет”, се погрижила да остане забележана на модната недела во Париз.Една од најсексапилните жени Миранда Кер уште еднаш го докажа својот статус на вистинска секс бомба. Во бел лежерен фустан со изразито длабоко деколте, Миранда се појави на ревијата на дизајнерката Стела Меккартни.

И мажите и жените се вртеле по неа, а 30-годишната убавица уживала во вниманието што го добивала.
Сопругата на холивудскиот актер Орландо Блум и мајка на двегодишниот син Флин покажа дека и во 30-та година се чувствува повеќе секси од кога и да е.

Подготви: K. A.

 

Останати вести