Миранда Кер во врска со милијардер, сопруг на нејзината пријателка

Наjбогатиот човек во Австралија и поранешен ангел на модната марка „Викторијас Сикрет” наводно почнале врска само неколку месеци откако сите заедно, со наскоро поранешните брачни партнери, уживале во луксузен одмор на Тахити.

Џејмс Пакер (46) пред три месеци објавил дека на неговиот шестгодишен брак со Ерика Бакстер му дошол крајот, а Миранда Кер (30) и еден од најзгодните холивудски глумци Орландо Блум во октомври објавиле дека исто така се разделуваат.
Пакер, кој своето богатство го зголеми со купување коцкарници, и неговата поранеш-на сопруга, се долгогодишни пријатели со Миранда и Орландо. Како што пишува бри-танскиот „Дејли мејл”, деталите за врската на Миранда и Џастин ќе излезат во ав-стралиското списание „Woman’s Day”, а нивната заедничка фотографија ќе биде на насловната страница.
Џејмс Пакер отсекогаш „паѓал” на сличен тип жени. Во неговата прегратка се нашле манекенката Џенифер Флавин, поранешната свршеничка Кејт Фишер и неговата прва сопруга Џоди Меарс – сите убави бринети.
Пакер и неговата поранешна сопруга заедно имаат три деца, а Миранда и Орландо во текот на тригодишниот брак го добиле синот Флин (2).

Останати вести