Успешната приказна на Мирјана Лозановска

Мирјана Лозановска е професорка по архитектура на Универзитетот „Дикин” во Мелбурн. Родена е во Охрид, а уште како 7-годишно дете со семејството ја напуштила Македонија.

 

Нејзините родители се од првите генерации македонски печалбари на австралиската земја.

На Универзитетот во Мелбурн, еден од најпознатите и најценетите во Австралија, дипломира архитектура и сега е на истиот професор. Додека била во средно училиште, најмногу ги сакала предметите математика и уметност.

Како студент кон крајот на четвртата година добила награда за проектирање, односно Универзитетот ја наградил за квалитетот на нејзините проекти што ги изработила дотогаш.

Потоа добила стипендија од Универзитетот „Мелбурн” за да го работи докторатот со тоа што имала слобода да го промени универзитетот и своето усовршување да го заврши каде што сака. Поради проширување на видиците Мирјана преминала на универзитетот за наука и технологија „Дикин”.

Таа била прва што завршила докторат по архитектура на тој универзитет, бидејќи беше штотуку почнат со работа. Уште на почетокот била вклучена во наставата како соработник.

Кога го завршила докторатот добила ангажман во Либан на тамошниот Американски универзитет, којшто има традиција и реноме. По војната, во Либан биле потребни професори и таму останала три години работејќи на реконструкција на разурнатите објекти.

По враќањето во 1999 стана професор на „Дикин” каде предава два предмета – проектирање и современа историја на архитектурата, за периодот по 1968 година. На универзитетот „Дикин” и’ се укажала можност да работи на истражувачкиот проект „Емиграцијата и архитектурата”.

Останати вести