Прилепчанецот Давид Бучкоски – Мистер на Дијаспората во Австралија!

Можеби со ваков изглед и шарм оваа титула ќе му послужи како влезница во шоу бизнисот!

На 23 април во Перт се одржа манифестацијата млад Мис и Мистер во Српскиот Културен центар “Madington”.

Честа да биде Мистер на Австралија му припадна на 23-годишнот Прилепчанец Давид Бучкоски кој студира на факултетот за физичко образoвание Edith Cowan University во Перт.
Неговo хоби и работа е тенисот, a има учествувано на многу државни и меѓународни натпревари на кои постигнал големи успеси за Македонија и за Австралија.
Младиот Прилепчанец изјавува дека сака светот да е едно помирно место за живеење каде што децата треба да поминуваат повеќе време заедно за да се дружат и спортуваат.

Нашиот Давид кој е вистински атлета и студира на Факултетот за Физичка култура во Перт

Ова момче по потекло е од Прилеп и е многу активен како тенисер и тениски тренер

Останати вести