Мистеријата за исчезнувањето на Карен Ристевски

Приказната за исчезнувањето на Карен Ристевски доби нов заплет со излегувањето на виделина на нејзиниот посинок Антони Рикард, кој е дете на сопругот Борче Ристевски, и кој живеел со фамилијата неколку години.

Тој бил на возраст од 14 години кога заминал од домот на неговата мајка чие презиме го носи, во Авондаил Хајтс, и преминал да живее кај неговиот татко, со маќеата Карен и неговата полусестра Сара. Сугерирајќи дека во прашање е фамилијарна тајна без да навлегува во детали што е тоа и дека е лут на тоа.
Од весникот “Хералд Сан” дознаваме дека Антони ја контактирал Карен 10 дена пред таа да исчезне. И првата мисла му била дека Карен Ристевски си го одзела животот или решила да исчезне. “Може да го потиснуваш (чувството на вина) извесно време” вели тој за мелбурншкиот весник “Хералд Сан”.
Антони, 32, не се сеќава каде бил на 29 јуни – денот кога Карен Ристевски исчезна – иако печат на документи покажува дека тој посетил аптека каде имал документи за верифицирање.
Во изминатите три месеца тој има загубено 15 килограми и признава дека се справува со зависност од дрога.
Антони на крајот тврди дека тој не ја убил маќеата, која е исчезната веќе четири недели.

Останати вести