Спектакуларна изведба на мјузиклот „Чикаго“

Со мјузиклот „Чикаго” во МНТ повторно се покажа дека ако вистинските луѓе ги добијат вистинските задачи, резултатот ќе биде спектакл 

На сцената на Македонскиот национален театар во Скопје публиката можеше да ужива во мјузикл од светски размери. „Чикаго” е во режија на Наташа Поплавска и е копродукција на Македонскиот народен театар, Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност.
Директорот на МНТ, Дејан Пројковски, најави дека со оваа претстава ќе се дополнува палетата на она што го нудат како театар. Со поставувањето на првиот лиценциран бродвејски мјузикл во земјата, се враќа и мјузиклот како жанр во театрите.
Во претставата играат Јелена Јованова како Рокси, Арна Шијак како Велма Кели, Жарко Димоски како Били Флин, Ивица Димитријевиќ во улога на Ејмос Харт, Тања Кочовска како Мама Мортон, Билјана Драгичевиќ-Пројковска како Мери Саншајн, Ана Стојановска како Ени, Кити, Нина Ден како Лиз, Тина Трпкоска како Џун, Билјана Јовановска како Ханијак, Лиле Миленковска како Мона, Александар Ѓорѓиески како Церемонијал Мајстор (началникот Фогарти и Мартин Харисон), Александар Михајловски како Фред Кејсли (Арон, Доктор и Хари), Борјан Тетиев како Судија, Стефа Кочевски како Кројачот, Маја Митровска како Вероника, Марија Крстевска како Правдата и Драган Кочовски како Државата или Вујко Сем.
За кореографијата е задолжена Олга Панго, диригент е Бисера Чадловска, дизајн на сцена и видео Емил Петров и костимограф Александар Ношпал.
Покрај актерската екипа, ангажирани се и хор, балет и оркестар, кои треба да го дополнат раскошот на претставата.

Останати вести