Македонските грижители Активни учесници на неделата на грижителите

16 ноември во Dandenong Secondary College, 23 ноември во Keilor Downs Secondary College.

Македонските грижители и оваа година се вклучиjа во одбележувањето и прославата на неделата на грижителите во NSW.

 

Околу 2.6 милиони грижители, или 13% од целокупната популација во Австралија , бесплатно се грижат за членовите на своите семејства или пријатели и им пружаат секојдневна подршка. Грижителската работа никогаш не престанува со грижењто, но тие исто така имаат потреба од одмор и поддршка за да можат подобро да се грижат и за болните и за своето здравја.

Главна тема на Неделата на грижителите за оваа година беше: ” Бидете свесни – пружете им поддршка на австралиските грижители, славете со нив “.

Неделата на грижителите е извонредна можност за организациите и заедницата да се прослави и посебно истакне значењето на грижителската улогата и придонесот што тие секојдневно го даваат. Во исто време тоа е и одличен начин на грижителите да им се обезбеди кратка, но многу потребна пауза, забава и релаксација.
По тој повод и оваа година се организираа над 400 разновидни активности и настани во NSW. Централната прослава, организирана од Carers NSW, беше на 15ти октомври, на Martin Place. Македонските грижители од двете групи (Rockdale и Bankstown) имаа можност да присуствуваат на оваа централна манифестација, каде можеа да слушнат многу корисни информации и непосредно учествуваат во некоја од активностите – терапија со смеењето, градинарската работилница, релаксирачка масажа и друго. Исто така имаа прилика да се сретнат со грижителите од другите етнички заедници, да уживаат во лесната закуска и извонредната музичка забава.
Исто така, уште еднаш сакаме да ги повикаме македонските грижители кои не се членови на македонските групи во Rockdale и Bankstown, да ни се придружат и да се вклучат во понатамошните програмски активности, кои може да им ја олеснат грижителската улога. Доколку некои грижители, од било кои причини не се во состојба да присуствуваат во групите, може да го користат индивидуалниот начин на работа. За повеќе информации заинтересираните можат да се јават во MAWA, кај вработените на проектот за поддршка на грижителите, на телефон 9597 5455.
По неколкучасовното дружење заврши уште еден пријатен релаксирачки ден, кој за грижителите значи многу. Тие накратко се дистанцираа од секојдневните грижи и обврски, исполнети со пријатно чувство дека не се сами, дека секогаш може да сметаат на соодветна поддршка и да побараат помош во било кое време.

Зорица Николова и Наташа Митров
Macedonian Carers Project Officers

Останати вести