За многу години МКУД Бисер од Џилонг

Минатава сабота се одржа мултикултурна вечер во чест на 40 годишнината на МКУД “Бисер” од Џилонг.

Покрај нашите играорци имаше и специјални гости кои исто така зедоа учество и настапија: абориџанските играчи од Ватаурунг, Шпанските танчерки Андалусија од Џилонг и младинскиот српски клуб Бранко Радичевиќ.
Следниот голем настан за МКУД “Бисер” е големата прослава на јубилејната 40 годишница од основањето на друштвото.
Во сабота, на 16 септември, од 18 часот во Македонскиот центар на Crn Ballan & Ballarat Roads, Batesford, Victoria 3213.
Оваа вечер се планира да биде носталгична вечер со музика, за да се одбележи големиот јубилеј.

Останати вести