Многу млади Австралијани со македонско потекло се успешни на различни полиња, но македонската заедницата често пати не слушнала за нив. Би сакала да ви го Тео Цветковски.
Од неговиот текст ќе дознаете повеќе за него. Го изучува македонскиот јазик и е горд на своето потекло. Верувам дека покрај тоа што се претставуваат себеси каде и да одат ќе ја претставуваат и македонската заедница, а и Македонија како земја на нивното потекло. Како заедница треба да ги подржуваме и да се гордееме со нашите помлади генерации кои се трудат преку одржување на јазикот и културата да не претставуваат секаде каде што одат.
Гордана Јанинска
14-08-17 понеделник
Јас се викам Натали Чуруковска, имам седумнаесет години и учам во средното училиште Епинг Секондари Колеџ. Минатата година бев добитник на стипендија, а стипендијата ми беше доделена заради моите залагања и резултати што ги постигнав на училиште. Ние бевме само четворица добитници од Викторија, а вкупно шеснаесет од цела Австралија, што ја добивме оваа стипендија.
Во ноември 2016 година, заедно со другите добитници бевме поканети во Докландс во прекрасна сала со прекрасен амбиент. На свечаноста присуствуваа успешни адвокати и јавни бранители, бизнисмени и високи функционери. Покрај признанието ни беше доделена одредена сума на финансиски средства кои што ќе ни служат во понатамошното усовршување на нашето образование. Исто така ни беа назначени бесплатни советници коишто ќе ни помагаат во користењето на стипендијата, со цел да се постигнат максимални резултати и да ја постигнеме својата цел во понатамошното образование.
Оваа година, на осми август, сите шестнаесет добитници од цела Австралија бевме поканети да присуствуваме на лидерски самит во Сиднеј. Бевме сместени во ексклузивен хотел каде што се ни беше обезбедено. На официалниот ручек, ни одржаа предавање успешни бизнисмени на кој начин да постигнеме успех во нашата идна кариера со соодветна комуникација.
Малку покасно истата вечер, на највисоката зграда во Сиднеј, на последниот спрат, во одличен амбиент беа собрани најуспешните бизнисмени од најголемите бизниси во Австралија и имавме вечера заедно. Тие одржаа говор исто така и ние одржавме говор.
Сите овие успешни бизнисмени се членови и донатори на оваа организација што ги доделува овие стипендии. Сите добитници на стипендијата имаат советници кои што се успешни бизнисмени и директори на компании и тие советници им помагаат индивидуално на сите добитници на стипендијата. Помошта од советниците е многу побитна од колку финансиската помош. Многу од претходните добитници на оваа стипендија, со помош на советниците постигнале висок професионален успех, а некој од нив биле и вработени од своите советници.
Паралелно покрај сите други активности ни беше покажано соодветно правилно однесување за време на официални ручеци или вечери, манири и правилни меѓучовечки односи. Исто така дел од времето ни посветија да го запознаеме градот Сиднеј и да воспоставиме меѓусебен контакт со другите добитници на стипендијата.
При крајот на оваа година, ќе биде одржан сличен самит овде во Мелбурн каде што поново ќе присуствуваат сите добитници на стипендијата од цела Австралија. Со нетрпение го очекувам тој момент затоа што секој еден собир на ова ниво ме прави среќна и ми помага да размислувам позитивно за иднината и за мојата идна кариера.
Еден од предметите што ги изучувам на школо е македонскиот јазик којшто го изучувам веќе неколку години. Наставата е интензивна и напорна, но независно од тоа, изучувањето на македонскиот јазик ми помогна да бидам посамоуверена и посигурна во себеси. Исто така добро познавање на друг јазик освен англискиот дава повеќе можности за вработување и влијае позитивно врз луѓе на високи позиции кои што гледаат со почит кон луѓе што зборуваат друг јазик освен англискиот. Познавањето на македонскиот јазик ми помогна да го напишам овој текст и очекувам дека ќе има позитивно влијание врз младите генерации кои што се надевам ќе се ориентираат да го изучуваат македонскиот јазик и ќе се трудат на училиште да го постигнат најдоброто што го можат.