На 23 април 2016 година при Македонскиот културен центар Илинден беше организарано натпреварување во шах. Учество зедоа Стоимир Спасески, Димче Наумоски, Мирко Аврамоски и Ислам Абдураманоски.
Еден од најуспешните беше младиот Наумоски, кој иако играше со постарите шахисти сепак беше победник, и постојат можности да биде навистина добар шахист.
Долго време М.К.Ц. Илинден беше во критична финансиска положба но Васко Шобевски успеа да оствари соработка со Македонската општина Норт Перт, со Ромската Општина, Македонската народна општина, Македонската првославна црква Норт Перт како и со друштвото Преспа.
Ислам Абдураманоски

