Младите играчи на Алтона Меџик Вардар “растураат”

Со доаѓањето на Игор Георгиевски како претседател на Алтона Меџик Вардар, многу работи во клубот тргнаа на добро. Покрај првиот тим се формираа уште неколку други, повеќе младински екипи, како и женска екипа.

Првата екипа, веќе се знае, има квалитет и постигнува одлични резултати. Лани беше шампион во Првата лига на Викторија, годинава исто така атакува со поголеми амбиции, да влезе во Премиер лигата на Викторија. За таа цел и тимот е осетно засилен со квалитетни играчи.
Младите исто така постигнуваат одлични резултати, на пример тимот до 15 години кој со голем успех го води младиот тренер Славче Соколовски. Лани и тие беа шампиони во нивната лига, а во подготвителниов период тимот сите контролни дуели убедливо ги доби. Последниот беше со Академијата на Мелбурн Виктори која беше совладана дури со 6:1.
Се работи за талентирана генерација. Се надевам дека повеќето од нив ќе станат и првотимци наскоро, рече тренерот Славче Соколовски.
За овој тим играат: Димовски, Ел Кантар Салах, Елауби, Дамчевски, Стојчевски, Несторовски, Абдулабиф, Мирчевски, Елбели, Мелесе, Вунг, Алтаба, Гоулд, Мункадар, Раденковиќ иТунгевски.

Трајче Бошковски

Останати вести