Македонското младинско друштво „Никола Карев” ги известува сите љубители на македонскиот фолклор дека врши упис на нови играорци за 2017 година.
Со проби започнува на следниве датуми:
1 февруари – Втората и Третата група со почеток од 6.30 до 8.00 навечер.
6 февруари – Првата група со почеток од 7.00 до 9.00 навечер.
За повеќе информации и упис на нови играорци јавете се кај Аце Петровски на мобилен: 0117128641 или Мери Бити на мобилен 0407100907. Со нашите убави ора зачекоруваме во македонската традиција и историјата на нашите претци.
Не чекајте, запишете ги вашите деца да го изучуваат и уживаат во македонскиот фолклор!
Со почит Управата на ММД “Никола Карев”
Гордана Димовска
(секретар)

