Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ги повикува сите влијателни и богати Македонци да помогнат во ситуацијата околу името.
Претседателот на ММДЧП(MHRMI) Бил Николов на оваа категорија Македонци им порачува да не бараат алиби за невклучување во битката за името.
“Имам едноставна порака за високо профилираните и/или богати Македонци: Вие сте во позиција да и помогнете на Македонија. Што чекате? Не барајте причини за да избегнете инволвирање, јавна поддршка за македонскиот идентитет или донации – нашето постоење е во прашање”, пишува Николов во обраќањето.
Николов кој заедно со МХРМИ во Канада со години бара прекин на преговорите за името, сега се обидува да ги анимира влијателните членови на македонската дијаспора во светот но и богатите и моќни граѓани на Македонија да се вклучат во кампањата против референдумот со кој земјата ќе се претвори во Северна Македонија.
