МНТ гостуваше во Шведска

ГРАДИМЕ МОСТ НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА ОД СВЕТОТ
Неодамна, на 6 мај годинава, во организација на нашата иселеничка Лилјана Стоилковска-Андовска, која живее повеќе од 10 години во Кралството Шведска, во Малме гостуваа артисти од МНТ со претставата „Марко Цепенко” во драматизација и резија на Снежана Коневска –Руси .

Автобиографските податоци за големиот собирач Марко Цепенков најавтенично и на архаичен јазик беа презентирани низ песната и прекрасната артистичка игра , дел од народните приказни, гатанки, пословици, обичаи и традиција… од животот на Македонците во минатиот век, кои и ден денес се познати и актуелни. Големото собирачко дело на Цепенков изнесува над 5000 народни умотворби, а Снежана Коневска – Руси и асистентот Трајче Георгиев совршено го претставија низ ова драмско дело кое 70-ина минути го задржа вниманието на публиката која беше присутна на избедбата на оваа претстава.
Освен артистите Снежана Коневска-Руси и Трајче Георгиев, настапија уште: Магдалена Ризова–Черних, Дарко Спасов, Драгана Босниќ, Борче Начев, Мирјана Трпковска и Лилјана Стоилковска-Андовска. Во организација на најстарото друштво од Малме КСД „Македонија” беше приреден коктел за сите присутни гости и на овој чин и беше доделена благодарница на Н.Е А.Накева–Ружин , за нејзината несебична поддршка на културните активности на македонската диаспора на Македонците во Шведска
Гостите од МНТ учествуваа со дел од драмата „Марко Цепенко” и на фестивалот на Македонскиот Сојуз „Денови на македонската култура” кој се оддржа во шведскиот град Трелеборг, каде беа испратени со френетичен аплауз.

Останати вести