Министерството за надворешни работи на Македонија се обидува да го реализира акциониот план за 2020 година, кој беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.
Дознаваме мобилната станица откако ја заврши работата во Мелбурн, сега се наоѓа во Канбера, каде во наредниве недели треба да изврши сликање на оние лица што предходно биле пријавени за обнова на пасош или лична карта.
Македонски државјани што се во Австралија и Нов Зеланд се наоѓаа во незгодна ситуација од долгото затворање на границите и немањето начин да ги обноват своите патни исправи. За оние што живеат во Нов Зеланд уште полоша е реалноста бидејки засега е неизвесно кога ќе пристигне таму мобилната станица.
Бројката на Mакедонци кои се заглавени низ лавиринтот за вадење македонски документи е непозната. Поради пандемијата со ковид-19 тие повеќе месеци беа прекинати услугите на мобилните станици, а доколку дојдат во Македонија поради кризата дел од нив нема да можат да се вратат во местата каде што живеат и работат.
Согласно co утврдената процедура, секој државјанин на Република Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатско – конзуларно преставништва на Република Македонија било во Канбера или Мелбурн, треба претходно да го најави својот интерес за добивање на пасош на еден од следните телефонски броеви или е-маил адреси:
Мелбурн на тел: 03) 7023 0675 или е-маил: melbourne@mfa.gov.mk
Канбера на тел: 02 6282 6220 или е-маил: canberra@mfa.gov.mk
При поднесувањето на барањето за пасош државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош) и копија од истиот.
За барањата за предвремена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при поднесувањето на барањето задолжително се презентира пасошот и копија од истиот.
Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање на патна исправа ќе бидат известени од страна на дипломатско конзуларните претставништва.