Австралискиот дизајнер со македoнско потекло Тони Матичевски во Сиднеј ја доби најпрестижната модна награда во Австралија и е прогласен за моден лауреат за 2016 година.
Кралот на архитектонскиот дизајн и прецизниот крој, Матичевски ја прими главната награда на престистижниот избор за Моден лауреат во годината која се смета за една од најуспешните за дизајнерот, кога прикажа успешни колекции и годината во која беше отворена неговата прва изложба Maticevski: Dark Wonderland, која ќе биде поставена до 20 ноември во Bendigo Art Gallery. Наградата Моден лауреат се доделува на дизајнери кои постигнале значаен придонес за развој, промоција и унапредување на австралиската модна индустрија на меѓународно ниво.
