Модниот бренд Тони Матичевски во Австралија: Успешен и горд на своето македонско потекло

Во индустриски комплекс, меѓу фабрики спроти рафинерија на Мобил во Yarraville, е последното место каде што би очекувале да го најдете студиото на реноминираниот дизајнеp Тони Матичевски, пишуваше во саботата најтиражниот весник во Викторија “Хералд Сан”.

 

Да, тој е тука, под чадот на околните фабрики што се наоѓаат во непосредна близина. Скромниот и надалеку прочуен дизајнер, внимателно, со рака шие нов дизајн за познати личности додека во околината татнат приколките на камионите.

Овој начин на работа е оттргнат од светот на модата колку што е можно, и тоа е стилот што го сака дизајнерот со македонско потекло, кој е роден во Мелбурн.

“Го сакам овој простор “, вели Матичевски, убави нешта излагаат од оваа индустриска бетонска кутија во Јаравил, со бучавата на камиони и рафинеријата отспротива.

Ми се допаѓа контрастот на тоа, а убави нешта може да се креираат секаде.

Со македонско културно наследство, Матичевски , 37, пораснал блиску до неговото студио, во соседното предградие Фуцкрај, пред да се пресели во Алтона.

Срцето на Матичевски можеби останало во делот на Мелбурн што е индустриски и сив, но неговиот дизајн ги надмина бариерите и сега има собрано лојални следбеници во Австралија и низ целиот свет.

Неговите креации редовно се изложуваат на некои од највисоките модни настани во Австралија, и често може да се видат на преубавите Аби Корниш, Џенифер Хокинс и Ребека Џад .

Кариерата на Матичевски започна во 1997 година, кога дипломира на Универзитетот за мода RMIT со првокласни достигнувања и ја освои посакуваната позиција со Дона Каран во Њујорк. Тој таму, иако добил шанса да остане на подолг период, ја одбива таа можност и се сели во Париз, каде што работи во Cerruti во наредните две години.

По враќањето во Австралија, во 2001 започнува со создавање на свој бизнис, кpеиpајќи свадбени и ексклузивни облеки за приватни клиенти, како и создавање на мала сопствена колекција.

“Мислев, јас ќе ги однесам назад во Париз и ако треба ќе одат од врата на врата”, вели тој .

Стигнал до еден бутик Абсинте, неверојатен бутик во времето кој сега не постои веќе, тоа било само место за почеток.

“Се сеќавам на таа средба со една неверојатна жена што изгледаше како да е се уште во 1920 година, со нацртани усни и коса од тоа време. Таа ги виде дизајните и рече ” Ми се допаѓа она што го правиш, јас го сакам во мојата продавница.”

Од таму, кариерата на Матичевски се издига брзо. Тој ја освои наградата за најдобар нов дизајнер на 2002 на модниот фестивал L’Oreal Мелбурн и најдобар нов дизајнер во 2005 на модната недела на Мерцедес-Бенц во Австралија.

Има повеќе пати настапувано на престижните модни настани во Њујорк и Париз, исто така забележителна е неговата колекција на гламур на модната недела на Маер.

Во јуни беше на насловните страници како дизајнер на свадба на Џенифер Хокинс, а таа изгледаше како принцеза. Сега Матичевски ќе биде дел на најголемата изложба во Националната галерија на Викторија, наречена “Melbourne Now” (Мелбурн сега).

Матичевски е сpеќен што ќе биде дел од амбициозната голема изложба, иако смета дека неговите креации не се уметност.

Мислам дека сите ние сме креативци на некој начин а мојот талент можеби се случува да биде најдобро изразен преку модата.

Тајната на успехот на Матичевски, во време кога многу други познати австралиски модни брендови пропаѓаат, може да се припише на неговата прецизност и внимавање на деталите, инстинкт и немањето претензии.

Во бизнисот сум 14 години и да чукнам во дрво, не сум банкротирал, не сум должел пари или западнал во тешка позиција.

Мислам дека мојата pабота се сведува на здрав разум и комуникација.

Сум имал неколку финансиски советници кои буквално ми мафтале во лице со хартии и ми велеле дека ќе бидам надвор од бизнисот за шест месеци. И јас им одговорам, знам дека нема да биде така. Секогаш го следам мојот инстинкт во однос на бизнис одлуките.

Навистина сум горд на фактот што сум сопственик на мојот бизнис и дека не сум морал да зависам од никого.

Професорот Карен Вебстер од RMIT вели дека работата на Матичевски е во иста лига со врвните дизајнери во светот.

Неговото внимание за детали и истражување е врвно и со светска репутација, вели Греа Левси, поранешниот директор на фестивалот на модата L’Oreal Мелбурн.
Славните личности му се муштерии – но срамежливиот дизајнер тоа не го менува и не го вообpазува.

Кога мисот на универзумот Џенифеp Хокинс бараше невестински фустан од него тој ја пpашал “Дали си сигурна, зошто не одиш кај Диор?”

На крајот креираше навистина едноставен и убав невестински фустан за неа. Таа сака да изгледа како принцеза, тоа беше нејзиниот ден и тоа беше токму она што го сакаше.

Вебстер вели дека скромноста на Матичевски и вистинската страст за занаетот го направија еден од водечките дизајнери на Австралија.
Меѓународен интерес за неговиот дизајн е присутен, тој самиот своерачно создава од 50-150 парчиња годишно, буквално сè што виси во фабриката е направено од него, а во архивата има повеќе од 3,000 парчиња.
Модата што ја создава овој млад дизајнер е исклучителна, многу жени се фалат дека се чувствуваат прекрасно во неговите облеки. Не случајно кога ќе го облечат неговиот дизајн, и после пет години повторно добиваат комплименти како првиот пат кога го носеле. Има нешто посебно во неговиот стил, кој дава убавина и класика.

Изложбата на Мелбурн е отворена и ќе трае до 23 март 2014 година.

Останати вести