Спектакуларни концерти на Анета и групата Молика

Во неделата со концертот во Гранд Нерет рецепција заврши турнејата на Анета Мицевска, Јовица Наумчевски и групата Молика.

Концертите низ Австралија како секогаш беа исполнати со благодарна публика и повеќето распродадени.
Во петокот во Панчбол имаше над 500 гости, а во саботата во спортската сала Илинден за Стара Нова Година за селото Ѓавато со распродадена сала.
За прослава на Новата Година и православната Нова Година, Молика настапи во Гранд Нерет со репертоар кој ги задоволи сите присутни.
Нашата Анета е најдобриот глас на Балканот кој секогаш је воодушевува публиката. Покрај групата Молика овој пат како специјален гостин настапи и Џељо Дестановски, царот за музицирање со дрвени инструменти. Џељо премногу го засака публиката а тој за прв пат гостуваше во Австралија и покажа зошто е ценет во Македонија.
Организатор на успешната турнеја е Република ентертаинмент, кој најави изненадување во февруари кога ќе го донесе Ѓоко Јовиќ со неговиот Енерџи Бенд..

Останати вести