Монахот Гаврил отпатува во Македонија

Минатата среда отец Гаврил Галев замина за Македонија, а според официјалното соопштение тој чекор го презел по барање на владиката Наум од Струмичката Епархија. 

Пред 10 години отец Гаврил Галев, кога пристигна во Австралија имаше добиено Условен Канонски Отпуст од Струмичкиот Митрополит Наум, меѓутоа немаше добиено Условен Канонски Прием од владиката Петар. Сега владиката Наум го повлече отец Гаврил назад во Струмичката Епархија.
За време на божикните празници во Успение на Пресвета Богородица во Сиднам монахот Гаврил и отец Ефтим Бетински служеа празнична Божествена литургија.
Останува времето да покаже дали игуменот Гаврил сега ќе добие можност легално да си дојде во Австралија преку црквите што се под надлежност на владиката Тимотеј.

Останати вести