Десет монодрами на актери од Естонија, Хрватска, Русија, Холандија, Полска, Израел, Словенија, Германија и од Македонија ќе бидат претставени на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017″, кој започна минатиот викенд.
– Програмата во официјалната конкуренција е одлична, а за најдобрата монодрама ќе одлучува интернационално жири, предводено од режисерот Емре Ердем од Турција, кому ќе му помагаат Полет Смит (актерка од Холандија), Нина Мазур (Германија), Игор Џамбазов и Атила Клинче (Македонија) – вели Борче Димитровски, директор на Центарот за култура од Битола што го организира фестивалот.
На сцената ќе бидат изведени монодрами од светски познати автори како: Достоевски, Марина Цветаева, Владимир Набоков, Владан Десница, како и од најпознатиот македонски драматург Горан Стефановски.