Скопје за првпат ќе добие монографија?!?!

Во последниве години се навикнавме да слушаме дека разни нешта ни се случуваат за првпат. Дали е тоа намерна ингорантност или неинформираност?

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски објави дека Скопје за прв пат ќе добие монографија. И тоа в година. “Веројатно малкумина знаат дека главниот град досега воопшто немал таква печатена книга. Досега за различни потреби се користеле наменски печатени материјали за Скопје, разни збирни документи и публикации, иако постојат докази дека главниот град бил населен 6.000 години пред нашата ера, а и како урбана заедница функционира со векови. Од друга страна, пак, и поголемиот дел од скопските општини имаат издадено сопствена монографија. Тоа навистина е срамно за еден главен град. Затоа одлучивме да направиме монографија. Извесно е дека годинава ќе почне да се работи на неа, а ќе биде готова и издадена идната година”, ја пренесува “Утрински весник” изјавата од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Градските власти сега се во потрага по изработувач на монографијата. Распишаа оглас за книгата за која е проценето дека ќе чини нешто малку над 120.000 евра ($184,000).
Од кабинетот на Трајановски информираат дека планираат да изготват и видеозапис за градот, но тоа ќе го реализираат откако ќе биде изработена монографијата.
Според Трајановски, немањето монографија за Скопје неколку пати досега ги довело во непријатни ситуации. Пред се, при соработката со збратимените градови немало што да им се даде на високите гости и делегации кои доаѓале. „Во тие пригоди подаруваме и разменуваме публикации кои реално се незначајни документи во споредба со монографија”, велат од кабинетот на градоначалникот.

Зошто градоначалникот не знае?

На оваа информација реагираа голем број граѓани на социјалните мрежи. Госпоѓа Соња Абаџиева, позната историчарка на уметноста, кураторка, автор и уредник на многубројни печатени изданија и поранешна директорка на Музејот на современа уметност, на својата фејсбук-страница напиша:
„Изјавата од градоначалникот Коце Трајановски е дезинформација. Во 1970 година со потпис на Славко Јаневски е издадена голема црно-бела монографија за Скопје, кога градоначалник беше Љупчо Ставрев (330 страници). Во 1975 година е издадена исто така голема монографија, но во боја (260 страници).
И во годините подоцна се издавани монографии за Скопје, како на пример “Монографијата за Скопје” на поранешниот директор на Архивот на град Скопје, Кирил Дојчиновски, во издание на „Матица македонска” во 2006 година. Неодамна беше објавена и фото-книгата “101 градба во Скопје” во издание на “Трето уво”.

Останати вести