Монструозен бран од 23 метри: “Тоа е како осумкатна зграда”

Огромен бран со височина од 23,8 метри бил забележан во Јужниот Океан, на 700 километри од Нов Зеланд, соопшти “MetOcean Solution”, водечкото новозеландско советодавно тело за океанографија.

Големото “чудовиште” високо речиси 24 метри одговара на висина од една осумкатница. Бранот бил снимен од посебна пловка за собирање на податоци, и тоа за време на силна бура.
Последниот висок бран во оваа област бил снимен во мај и изнесувал 19,4 метри.
Океанографот Том Дурант изјавил дека е срушен претходниот рекорд кој изнесува 22,03 метри, а бил забележан во 2012 година.
“Според нашите сознанија, станува збор за досега највисокиот бран кој бил снимен на јужната хемисфера. Калифорниските сурфери можат да очекуваат доволно енергија токму од последиците од оваа бура. За отприлика една недела, овие бранови ќе пристигнат до нивните брегови, но истите ќе бидат многу пониски”, изјавил Дурант.
Дурант смета дека постојат бранови со височина од 25 метри, но поставената пловка која ги мери екстремните услови во Јужниот Океан снима на секои три часа по 20 минути поради штедење на батериите.
Најголемиот бран во историјата е забележан на Алјаска во 1958 година. Бранот бил висок 30,5 метри.

Останати вести