Мореланд Сити – Сиднам Парк Македонија 2:0

Втора државна лига на Викторија, северо–запад

Во завршницата на првенството нашата Сиднам Парк Македонија изгледа го губи здивот по напорната сезона. Против себе овој пат го имаше тимот што ќе биде шампион на првенството и следната сезона ќе отиде во Првата лига на Викторија. Сепак Сиднам Парк е пријатно изненадување за сите и треба да е горда на постигнатото оваа сезона.

В сабота, на 14 септември, Сиднам Парк Македонија игра на теренот на Баларат Ред Девлс со почеток во 15:00 часот.

Останати вести