Во чест на 144 годишнината од раѓањето на великанот на македонското ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век, Гоце Делчев, во Западна Австралија членовите на македонското моторџиско здружение „Антички Македонци” одржаа свечености и положија свежо цвеќе пред спомен плочата на Делчев во двете македонски православни цркви во Перт.
Свежо цвеќе положија Круме Бандоски и Дени Танкоски. Се одржа и свечен прием на кој беше обележана годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Поздравни говори за животот и делото на Гоце Делчев одржаа претставникот на здружението Александар Шапкароски и свештениците Васко Трајчески и Станко Јовановски.
Од името на Република Македонија поздравен говор одржа и почесникот конзул Зоран Ќосески.
