Српските медиуми со загриженост известија дека е можно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ да има коронавирус.
Популарниот Ноле имал контакт на “Адрија тур” со кошаркарот на Партизан, Никола Јанковиќ, за кого е потврдено дека има позитивен тест на ковид-19.
На егзибициските турнири под името „Адрија Тур” играа уште неколку познати тениски имиња и можно е и тие да имале контакти со кошаркарот.
Меѓу повиканите како гости на Ѓоковиќ на турнеата низ дел од земјите од поранешна Југославија се и Доминик Тим, Александер Зверев, Григор Димитров, Душан Лајовиќ, Филип Краиновиќ, тенисерката Јелена Јанковиќ…
Кошаркарот на Партизан, Јанковиќ, немал никакви симптоми, но се открило дека е заразен откао направил тест со цел да замине во странство на одмор со семејството.