Можно ли е Македонија да игра без Пандев и Елмас против Косово!?

Голема дилема пред најважниот меч во историјата на фудбалската репрезентација
Македонското дерби меѓу Елмас и Пандев очигледно му припадна на помладиот.

Наполи убедливо победи со 6:0 против Џенова, а Елмас го постигна првиот гол на „Сан Паоло” во Серија А. Откако влезе од клупата, поранешниот фудбалер на Работнички и Фенербахче одлично ја „измеша” одбраната на Џенова и го матираше Маркети.
Како и Елмас, и Пандев доби шанса од клупата, но неговата екипа е инфериорна и го претрпи првиот пораз сезонава во Серија.
Македонската фудбалска репрезентација е во исчекување од резултатите за тоа кои фудбалери во Џенова ќе излезе дека се позитивни на коронавирусот. Од Италија стигна веста дека има 14 новозаразени членови на Џенова на опасниот вирус. Осум од нив се играчи од кои 6-мина настапиле против Наполи.
Доколку меѓу позитивните е Горан Пандев, тоа речиси сигурно ќе значи дека Македонија ќе биде без капитенот на најважниот меч во фудбалската историја против Косово во полуфиналето од плејофот за пласман на ЕП 2020 против Косово.
Освен Пандев, неизвесен е и Елиф Елмас. Пред мечот токму Пандев и Елмас, нашиот фудбалски “дијамант” од Наполи, се прегрнаа кога се поздравија. Тоа значи дека и играчите на Наполи ќе треба да прават тест за да видат дали има некој позитивен на коронавирусот.
Македонија на 8 октомври во Скопје треба да игра против Косово, а победникот ќе игра во финалето за пласман на Европското првенство 2020.
ПРВИОТ ТЕСТ НА ПАНДЕВ НЕГАТИВЕН!
Џенова објави дека 14 членови на нивниот клуб се позитивни на КОВИД-19 на тестирањата по мечот со Наполи. Се верува дека позитивни се 8 до 10 фудбалери. Потврдено е дека голманот Матија Перин и играчот од средниот ред Ласе Шене се заразени со новиот коронавирус, додека имињата на другите не се познати.
Наводно меѓу нив не е Горан Пандев. Неговиот прв тест на коронавирус беше негативен.

Останати вести