МПЦ „Успение на Пресвета Богородица“ – Сиднам, го прослави својот патронен празник

Свечено прославен верскиот и патронен празник на Македонската православна Црква Успение на Пресвета Богородица од Сиднам во црковната сала. За домаќин и кум честа ја имаше свештеникот Отец ставрофор Ефтим Бетински со неговата фамилија. По кревањето на лебот и виното со песна и оро се славеше до доцна во ноќта

 

Црковната општина “Успение на Пресвета Богородица” од  Сиднам во неделата го прослави по 19 пат патрониот празник.    Прво се одржа Божествена света литургија со почеток во 9.00 часот  наутро, а потоа беше одржан и Свечен бал во просториите на црковната сала, со посен ручек, и македонска жива музика. Се сечеше славскиот колач и се изврши избор на нов домаќин за 2014година. Оваа општина која е една од најмладите во Мелбурн, може да се пофали со импозантна црква и социјален дом, за иднина има зацртано големи планови за парохијаните од овој дел на градот.

Следната година  ќе се слави големиот 20 јубилеј.

 

Останати вести