Научниците предупредуваат дека е крајно време надлежните институции сериозно да го сфатат порблемот со глобалното затоплување.
Наместо посакуваното ограничување на температурата на ниво на 1.5 степени, научниците информираат дека зголемувањето во просек се ближи до 3 степени. Затоа, научниците предупредуваат дека зголемувањето на температурата на глобално ниво би можеле да остават забрзани и незапаметебни последици на сите општест вени аспекти и тоа набргу.
На самиотот за глобалните климатски промени во Јужна Кореја е направен кус преглед на 33 страници на преговорите меѓу климатолозите, кои се обидуваат да ги презентираат податоците од своите истражувања и политичарите од друга страна, кои повеќе се загрижени за економијата и животните стандарди. Научниците предвидуваат дека има само 12 години да се исправат грешките и да се направи обид за намалување на просечната температура .
Доколку остане како сега, до 2030 ќе го доживееме пречекорувањето од 1.5 степени, што може да доведе до вистинска катастрофа на човештвото и воопшто на животот на Земјата. За таа цел треба да се направат пет радикални чекори.
– Глобалната емисија на јаглерод диоксид да се намали за 45 проценти во однос на нивото во 2010.
– Обновливите извори на енергија треба да обезбедуваат 85 проценти од електричаната енергија во светот до 2050.
– Користењето на јаглен да се намали на нула.
– Околу седум милиони квадратни километри земјиште (подрачје речиси колку Австралија) ќе мора да се користи за одгледување енергетски посеви.
– Глобалната нето емисија би требало да биде на нула.
Ограничувањето на температурата на 1,5 степени би чинело 2,4 трилиони долари од 2016 до 2035 година. За некои овој износ е голем , но научниците тврдат дека тоа е мал дел од средствата што ќе се користат понатаму за чистење на загадувањето од јаглероден диоксид , доколку не се преземат никакви мерки.