Мелбурн Сити – ВС Вондерерс 0-3

А-ЛИГА НА АВСТРАЛИЈА
Вестерн Сиднеј Вондерерс ја оствари својата трета победа во низа во фудбалската А-лига на Австралија, на гостувањето во Мелбурн, совладувајќи ги убедливо домаќините, Мелбурн Сити, со 3-0.

Мич Николс во почеток од второто полувреме го постигна својот трет гол во шест одиграни натпревари, а во 67. минута големото засилување на Вондерерс, италијанскиот интернационалец Федерико ПиоваЧари го постигна голот за 0-2. Овој гол имаше контроверза бидејќи главниот судија згреши што го поништи сигнализирањето на помошникот судија кој исправно покажуваше на офсајд. Марк Бриџ во 84. минута го постигна конечниот резултат од 0-3.

Останати вести