Мултикултурен фестивал за пензионерите во Перт

Во Перт, Македонската пензионерска играорна група “Есен” беше поканета да учествува во првиот Мултикултурен пензионерски фестивал одржан во Umbrella Community Care.

Во овој старски дом во Белмонт се згрижени луѓе од повеќе од 52 етнички групи и има голем број на македонски пензионери кои уживаа во убавиот ден, со храна, музика и игра.
На настанот имаше повеќе мали експонати со информации и разновидна храна. Македонските играорки настапија со четири ора, што беа кореографирани од Вера Влахос за публиката која беше претежно составена од Македоци и Полјаци.

Останати вести