Првпат муслиман избран за градоначалник на Лондон

Лабуристичкиот политичар Садик Кан победи на минатонеделните избори за градоначалник на Лондон, со што стана првиот муслиман кој тоа го сторил во големата европска престолнина.

Кан во владата на Гордон Браун беше министер за заедници, а подоцна министер за сообраќај.
За себе вели дека е муслиман, Британец и Европеец.
– Јас сум Британец. Имам пакистанско потекло, татко сум, сопруг, навивач на Ливерпул, изјави Кан.
Британците истовремено гласаа за нова власт во Шкотска и Велс, за повеќе од 2.700 локални функционери ширум Англија и за нов градоначалник на Лондон.
Кан за девет процентни поени го победи својот конзервативел ривал Зак Голдсмит.

Останати вести