Претставниците на муслиманските заедници во Австралија сметаат дека ваква мерка е потребна за да се заштитат од екстремните десничари.
Муслиманите во Австралија бараат вооружени стражари да стојат пред џамиите и исламските училишта за да се заштитат од екстремнистите. Претставниците на муслиманската заедница во земјата сметаат дека ваквата мерка е потребна за муслиманите да се чувствуваат побезбедни.
Австралискиот национален совет на Имами (ANIC) подготвен е да плати стражари, кои би носеле пиштоли, да стојат пред верските објекти за муслиманите да се заштитат од закананите на екстремните десничари.
Гласноговорникот на ANIC, Билал Рауф изјави дека еврејските училишта и синагоги истото го прават ширум Австралија во текот на последните десет години, додавајќи дека оваа иницијатива веќе се разгледува и во случај на муслиманите.
„Се случува џамиите, синагогите и црквите да се мета на вандали, а верниците тогаш се речиси безпомошни затоа што им се свртени со грб” – изјави тој пред новинари.
Додаде и дека се се почести расправиите за безбедносните прашања, делумно како последица на нападите на џамии.