Мелбурн Виктори – Централ Кост Маринерс 2-1

Во четвртокот само три минути ударна игра на Гаи Финклер беше доволна за победа на Мелбурн Виктори со 2-1 над Маринерс, во натпревар од фудбалската А-лига на Австралија. 

Головите на Финклер во 16. и во 19. минута му овозможија на искусниот тим на Виктори да игра мудро до крајот, кога во 89. минута Мат Симс успеа да го постигне утешителниот гол за гостите.
Даниел Георгиевски беше извонреден на оваа средба и вториот гол на Бразилецот Финклер падна благодарение на слободниот удар што го издејствува нашиот интернационалец.
Виктори играше без главните играчи – капитенот Карл Валери и Бесарт БериШа се одмораа – но, сепак, тренерот Кевин Маскат успеа да изнајде победничка формула.
Маринерс, од другата страна, шест средби во низа нема победа.

Останати вести