На 46 години згодната пејачка го покажа задникот!

Австралиската „џебна Венера” Кајли Миног ја покажа својата палава страна, покажувајќи го својот фамозен задник на насловната страна на италијанското издание на списанието „Џеј Кју”. Со ова Кајли им се придружи на Кармен Електра и Џим Кери кои претходно позираа идентично за насловните на „Ексквајер” и „Ролинг Стон”.

 

Минијатурната поп-принцеза го следела примерот на познатата реклама за крем за сончање од 1950 година. И во новата верзија на рекламата „ненадејно” пудлица ѝ го соблекува долниот дел од костимот за капење и го покажува задникот на пејачката. Насловната страна покажува дека 46-годишната Кајли е „изненадена” од целата ситуација, но сепак успева да се насмевне на камерата.

Кајли фотографијата ја објави на Инстаграм, со зборот: „Лето е”. Нејзиниот задник важи за еден од најсексапилните на светот и осигуран е на пет милиони долари.

Останати вести