Штипскиот театар со претставата „На дното” освои Гран-при во Црна Гора

Претставата „На дното” во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на актерите од штипскиот Народен театар се добитници на Гран-при и награда за најдобра режија на овогодинешното издание на Фестивалот за алтернативен театар (ФИАТ), во Подгорица, Црна Гора.

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов”-Штип, Миле Вратеовски информира дека фестивалот ФИАТ во Подгорица е вториот по големина фестивал на Балканот, а на штипските актери им е огромно задоволството што токму со претставата на Пројковски ја освоија Гран при наградата.
– Имаше огромна конкуренција, на фестивалот се појавија имиња на режисери и на театри од Словенија, од Босна и Херцеговина, од Србија, Италија. Имиња како Ник Купер. Големо е здаоволството на штипските актери што претсвата „На дното” доби Гран при и секако наградата за најдобра режија, вели Вртеовски.
Актерот Пеце Ристевски забележува дека реакцијата на останатите актери кои присуствувале на фестивалот била фантастична, а изведбата на македонски јазик воопшто не преставувала проблем за да публиката во целост ја разбере познатата драма на Горки.
„На дното” премиерно беше изведена на четврти септември, а од штипскиот тетатар се надеваат дека со оваа претстава ќе бидат фаворити и на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”.

Останати вести