Требало да биде одмор од сништата, но наместо тоа се претвори во заробеништво и хорор.
Брачен пар Ребека и Фрејжер се заробени на крузерот „Дијамантска принцеза” во Јокохама поради кононавирусот.
Бидејќи сите патници се тестирани, од балконот можеле да набљудуваат како со амбулантни возила доаѓаат и го водат заразените. На бродот има 3.700 луѓе, а засега заразени се 61 лице, а Ребека е една од нив.
Немала симптоми, освен блага болка во грлото. Кога медицинската сестра се појавила на вратата и кажала дека мора да го напушти бродот, Ребека била во шок.
„Ова е ужасно. Не можев ни да замислам дека вакво нешто може да се случи. Најтешка е неизвеснота”, рекла таа.
Потоа никој не се појавил да ја дезинфицира собата, па така прашање на време е кога ќе биде позитивен тестот и на нејзиниот сопруг.
Освен овој, во Азија има уште два крузера во карантин поради појава на коронавирусот.