На празникот над празниците Велигден

МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИЛИНДЕН ВО ПЕРТ
Еден од најзначајните празници за православната христијанска вера е воскресението на Исус Христос.

Воскресението на Христос во М.К.Ц. Илинден се одбележа величествено со фоклорната група “Илинден” предводена од Трена Спасеска и со општа народна веселба. Во чест на големиот Македонски празник Велигден свештеникот Васко Трајчески им подели црвени јајца на децатата и насобраните верници.
Денешните настани покажуваат дека сите членови се заинтересирани за соработка и центарот е отворен за сите.

Останати вести