Наближува шестиот Македонски Фестивал на Храната, што МАСО го прави секоја пролет

Во недела, на 26 ноември, со почеток во 10:30 часот претпладне не го пропуштајте големиот Маке­донски фестивал на храната за 2017 година.

Организаторот МАСО (Македонско Австралиската организација на заедницата), Македонскиот Фестивал на Храната го организира познатиот собир во кој се ужива во Македонската храна и музика, по шести пат, во недела, на 26 ноември со почеток во 10:30 наутро. Годинава е избрана нова погодна локација во Footscray Park and Gardens која се наоѓа на Ballarat Road, во Footscray.
Дознаваме дека Дамјан Стојаноски, синот на починатиот фолк-пејач Војо Стојаноски ќе настапи на Македонскиот Фестивал на Храната во Фуцкрај, а тука ќе бидат и Македонските играорци од КУД Слобода од Аделаид. Тие оваа година ќе земат учество на Македонскиот Фестивал на Храната заедно со локалните друштва: “Светлост”, “Никола Карев”, “Јане Сандански” и “Бисер” од Џилонг.
Богатата традиција на македонската заед­ница ќе биде достојно прикажана со традиционална храна, музика и игра. Покрај забавата за возрасните како и минатите години, ќе има и многу разновидна занимација за децата.

Останати вести