Надеж во Гранд Нерет Рецепција одржа хуманитарна вечер

Минатиов петок во Гренд Нерет Ресепшн во Епинг, во организација на женската хуманитарна организаци “Надеж” од Мелбурн, се одржа хуманитарна вечер за помош на настраданите од поплавите во Македонија. 

Од присутните на вечерата и многумуната што доаѓаа само за да донираат, и лотаријата се собраа 6,500 долари.
Претседателката на женската хуманитарна организација „Надеж”, Блага Петреска како и конзулката на Република Македонија во Мелбурн, Бети Коруновска имаа кратко обраќање до присутните.
Гостите ги забавуваа естрадните уметници Татјана Лазаревска, Тоше Тодоровски, Марјан Васкоски, Бале Котевски и Стево и Џулијан Мечкаровски.
Акцијата за собирање помош продолжува и во наредните недели а следниот настан е на 3 септември во Сиднеј во Рецепција на спортскиот центар Илинден. Картите за овој настан се пуштени во продажба и чинат $175 додека за деца е $100.

Останати вести