На Денот на независноста на Македонија женската хуманитарна организација „Надеж” од Мелбурн имаше двојна прослава во Мил Парк.
Се одбележаа два значајни јубилеја: 25 години независност на Република Македонија и 15 години од основањето на хуманитарната организација „Надеж”.
На коктелот со пригоден говор им се обратија на присутните сегашната и поранешните претседателки на организацијата: Блага Петревска, Виолета Јовановска и Весна Пишмановска. За веселата атмосвера се погрижија пеачката Татјана Лазаревска и музичарот Тоше Тодоровски.