Причините кои доведоа до надмоќната победа на лабуристите во Западна Австралија

Премиерот на Западна Австралија, Marc McGowan објави дека „границите функционираат” откога овој слоган му донесе надмоќната победа во историјата на државата, велејќи оти нема да се двоуми повторно да ја затвори границата, доколку тоа биде потребно.

Лабуристичката партија на Marc McGowan буквално ги уништи либералите на државните избори освојувајќи ги предвидените 53 места и намалувајќи ги местата на Либералната партија на само две.
Премиерот завзема цврст став кога станува збор за отворање на границите на Западна Австралија за време на пандемијата предизвикана од КОВИД – 19 и после победата изјави оти оваа политика се покажала ефикасна. „Цврстата граница донесе резултати. За време на минатите четири години носевме мерки кои функционираат. Цврстата граница го сопре внесувањето на вирусот во Западна Австралија” – рече тој.
McGowan изјави дека парламентарната постапка ќе продолжи „како и обично” и покрај несразмерното распоредените резултати. Демократијата продолжува… се носат закони, се бараат гласови на пратениците во парламентот. И понатаму ќе биде така” – рече тој. Малку е веројатно либералите да успеат да бидат лидери на опозицијата, особено откога шефицата на Националната партија Mia Davies објави дека е подготвена да ја превземе улогата на лидер на опозицијата со своите четири пратенички места.
Лидерот на федералните лабуристи Anthony Albanese вели дека либералите би можеле да се соочат со потешкотии на федералните избори бидејќи „останаа без партиска инфраструктура”.
На прашањето дали на либералите би им дал дополнително финансирање, McGowan изјави оти не ги познава релеватните протоколи и во тој случај би побарал совет.

Останати вести