Природно лечење на надуеност на стомакот

Во холистичката медицина, дигестивниот систем е основа за добро здравје.
Јадењето здрава, природна храна му обезбедува енергија на организмот и хармонична работа на сите органи.

Затоа дигестивниот систем треба да функционира правилно, а на организмот да му ги обезбеди сите хранливи материи. Едни од најчестите дигестивни проблеми се акумулацијата на гасови во цревата и подуеноста на стомакот. Покрај тоа што е исклучително непријатна состојба, гасовите во цревата може негативно да влијаат и на социјалниот живот.
Најчести причини за надуеност се: стресот, брзото голтање на храната, нетолеранцијата на одредени видови храна, тврдата столица, ладната храна и студените пијалаци. Оваа ситуација, исто така, може да се влоши со пиење алкохол, антибиотици и други лекови. Некои од овие причини можат да се отстранат со јадење топла храна или, пак, со одмор во текот на оброците. Друг начин да се подобри варењето е јадењето храна богата со природни влакна, која ги намалува грчевите во цревата и во желудникот, како и разни зачински билки.
Ѓумбир: еден од најпопуларните зачини во светот. Потврдено е дека има лековити ефект и врз дигестивниот тракт и е стимуланс што го подобрува лачењето на желудочните сокови. Помага во намалување на подуеноста, гадењето, ги намалува грчевите на желудникот и на цревата. Свежиот корен содржи ензими што го подобруваат варењето на храната. Против надуеност, направете напивка од 6 тенки парчиња свеж ѓумбир и од 3 дл вода, оставете да зоврие и по 10 минути процедете и пијте 3 пати на ден. Јадете лажичка свежо рендан ѓумбир пред секој оброк или измешан со храна.
Кора од портокал: дигестивен тоник и го стимулира лачењето на жолчката, ги зголемува ензимите за варење и го стимулира црниот дроб. Содржи флавоноиди, кои ги зајакнуваат сврзното ткиво, крвните садови и штитат од слободните радикали. Против надуеност, во мали количини, кората се користи за подготовка и додаток на чајни мешавини.
Ким: ја стабилизира цревната флора, го спречува размножувањето на лошите бактерии и помага во развојот на добрите бактерии. Неколку пати на ден џвакајте прстофат семки од ким. Може да се подготви и чај од ким.

Останати вести