Спречете ја надуеноста во стомакот

Надуеноста е честа, но многу непријатна појава во стомакот. Последиците можат да бидат различни, вклучувајќи задржување на течности и јаки гасови, што обично може да се реши со природни лекови и промена во начинот на живот.

Задржувањето на течностите може да биде предизвикано од земањето на поголеми количини на сол. Многу од индустриски произведената храна содржи големо количество на сол и други извори на натриум, па затоа секогаш прочитајте ја етикетата со прехранбени состојки. Намалете го внесувањето на натриум на следниве начини:
-Избегнувајте преработено месо (сланина, шунка, колбаси и солено говедско месо), како и коцки за супа, екстракти од квасец, солени стапчиња и слични јадења.
-Купувајте храна која има малку сол. Барајте леб, житарици, конзервиран и замрзнат зеленчук, путер и разни намази, сосови, туршии и супи кои се со ниски вредности на сол.
-Не гответе го зеленчукот во солена вода.
-Не додавајте сол или други производи на основа на натриум кога готвите дома, ниту во чинијата која е пред вас.
Надуеноста заради проблеми при варењето решете ја со примена на следниве техники:
-Јадете помалку количински, а почесто во текот на денот.
-Секое залче добро соџвакајте го и внимавајте да не зборувате додека јадете. Силните ензими во устата му помагаат на варењето.
-Избегнувајте ги газираните пијалоци.
– Немојте да пиете за време на оброците. Течноста ги разредува желудочните киселини и ензимите за варење, а со тоа се забавува минувањето на храната низ желудникот. Овошјето кое тогаш ќе го изедете ќе ферментира и ќе создаде гасови.
-Избегнувајте ги јадењата со многу скроб како што се тестенините и компирот, во истиот оброк во кој јадете белковини или овошје.
-Избегнувајте поголеми количества на мешункаста храна, месо и свеж зеленчук и овошје, бидејќи можат да го зголемат количеството на гасови во цревата.
-Намалете го количеството на влакна кои ги земате, посебно оние кои не се раствораат како што се пченичните трици.
-Еден ден јадете само рендани јаболка или пире од јаболки и пијте само минерална вода или чај од нане. Следниот ден додајте малку супа од зеленчук или зеленчук подготвен на пареа за ручек и вечера, а во текот на следните два дена ориз и јогурт. Потоа продолжете со нормална здрава исхрана.

Останати вести